🎥 ПОТКАСТ КОЈ ЌЕ ПРОМОВИРА УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ Иво Јанкоски прв гостин во „Бизнис клуб“ на Азески

Сакавме да создадеме содржина која ќе биде спротивност на скандалите и негативните вести. Така се роди идејата во дигиталните медиуми да креираме една интересна содржина која ќе направи афирмација на таквите млади и успешни бизнисмени и која ќе биде спротивност на содржините исполнети со црна хроника, со скандали и со претставување на личности кои немаат суштински што да кажат - истакна Јанкоски.

270

Во премиерната епизода на поткастот „Бизнис клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукциската куќа „Трето уво“, човек кој остави траен белег во македонската култура и музичка индустрија. Во разговорот Јанкоски, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот „Бизнис клуб“, посочува дека поткастот е создаден за да ги афирмира македонските бизнисмени кои, и покрај нивните значајни достигнувања, често остануваат на маргините на медиумската сцена.

– Имаме луѓе кои успешно го водат бизнисот и во земјата и надвор од границите на државата, го билдаат македонскиот БДП, вработуваат илјадници луѓе и ја движат економијата напред. Но, за жал, тие ретко добиваат медиумска видливост. Сакавме да создадеме содржина која ќе биде спротивност на скандалите и негативните вести. Така се роди идејата во дигиталните медиуми да креираме една интересна содржина која ќе направи афирмација на таквите млади и успешни бизнисмени и која ќе биде спротивност на содржините исполнети со црна хроника, со скандали и со претставување на личности кои немаат суштински што да кажат – истакна Јанкоски.






Иво Јанкоски е дипломиран економист, но познат како продуцент, менаџер, издавач и промотор кој ја основал првата македонска независна издавачка куќа „Трето уво“. Во разговорот со Азески, тој зборува и за предизвиците во музичката индустрија во Македонија и прави споредба со светските музички состојби и трендови. Тој исто така ги пренесува почетоците и соработката со групата „Леб и сол“, Влатко Стефановски, Анастасија, Кирил Џајковски, Вања Лазарова. Зборува и за настанот Балкански музички плоштад и основањето на М2 Продукција, која откри многу нови таленти.

Зошто Стопанската комора?

Серијалот „Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Северна Македонија и „Трето уво“. Според Јанкоски, Комората е природен партнер за овој потфат, бидејќи таа претставува заеднички именител за македонскиот бизнис сектор.

– Комората е местото од каде тргнуваат главните текови во економијата, каде се решаваат предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, но и се раѓаат новите идеи за развој на позитивна бизнис клима – вели Јанкоски.

Улогата на Бранко Азески

Како домаќин на поткастот, Азески внесе доза на искуство и визија. Тој е човек со долгогодишно искуство, добар познавач на бизнисот и бизнис-состојбата во нашата земја, но и на премрежијата низ кои поминаа нашите компании трасирајќи го патот на македонската економија; човек познат и признат од бизнис заедницата кај нас, во регионот и пошироко и човек со најмногу бизнис релации во земјава и пошироко.

Погледнете ја премиерната епизода на поткастот „Бизнис клуб“.

Поврзани содржини