Потенцијално заразени се 150 принцови во Саудиска Арабија, кралот побегнал на остров

Како што наведува порталот, членовите на кралското семејство за кои се смета дека се заразени со ковид-19 ќе бидат сместени во елитна болница каде што веќе се подготвени 500 кревети.

1,009

Дури 150 членови на кралското семејство во Саудиска Арабија се потенцијално заразени од коронавирусот, објави „NewYork Times“. Во текстот е наведено дека еден од принцовите, кој инаку е гувернер во Ријад, веќе е хоспитализиран.

Кралот на Саудиска Арабија, Салман ибн Абдел Азис ел Сауд, пак, веднаш побегнал на остров во Црвеното Море и се ставил во самоизолација, а „друштво“ на островот му прави принцот Мухамед бин Салман ел Сауд, како и неколку министри.






Како што наведува порталот, членовите на кралското семејство за кои се смета дека се заразени со ковид-19 ќе бидат сместени во елитна болница каде што веќе се подготвени 500 кревети.

Инаку, во Саудиска Арабија во моментов има 2.795 потврдени случаи, а починале околу 40 лица.

Поврзани содржини