ПОТЕГОТ НА СОФИЈА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ИМИЏОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Мицкоски очекува и ЕУ да ја осуди забраната за влез на Менкиноски во Бугарија

Тоа е лоша порака и за самата Европска Унија и очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи не е првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, рече денеска премиерот Христојан Мицкоски.

173

Детаљно сум запознаен со тоа што се случило во врска со адвокатот Тони Менкиноски и забраната за влез во Бугарија во следните 10 години и јавно го осудувам тоа што се случува, тоа е лоша порака, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Тоа е лоша порака и за самата Европска Унија. Очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи не е првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права. Тоа веќе го направи неколку пати досега, откако не ги примени пресудите на Судот за човековите права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата – рече Мицкоски.






Не зборуваме за човек што е криминалец, туку за чесен граѓанин, додаде премиерот.

– Единствен „грев“ му е тоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот во Стразбур и поради тоа доби црн печат. Ова е навистина бескурпулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија доколку ЕУ не излезе со осуда на ваквото однесување – рече премиерот Христијан Мицкоски.

 

МЕНКИНОСКИ 10 ГОДИНИ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО БУГАРИЈА Адвокатот вели дека Софија сака да го замолчи

 

Поврзани содржини