ПОТЕГOT НА СИНЕР ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ! Тенисерот ги отпушти луѓето кои се виновни за допинг скандалот
Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни што забранетата супстанца „клостебол“ влезе во неговото тело за време на Мастерсот во Индијан Велс.
Јаник Синер го започнува нападот на Гренд слем титулата во Њујорк без двајца негови поранешни соработници, откако ги отпушти Умберто Ферари и Џакомо Налди непосредно пред почетокот на Отвореното тениско првенство на САД (26 август – 8 септември).
Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни што забранетата супстанца „клостебол“ влезе во неговото тело за време на Мастерсот во Индијан Велс, оваа пролет и половина година подоцна тој заврши во центарот на допинг скандал.
Тие двајца извесно време не се појавуваа на тренинзите на Синер, а „Кориере дело спорт“ тоа го објаснува како логичен потег со оглед на тоа што Синер смета дека нивното невнимание го чинело пад на допинг тест и одземање на АТП поени.
И, пред сѐ, нарушена репутација, затоа што Италијанецот одлично се снајде во споредба со Симона Халеп, на пример, која исто така тврдеше дека е невина, а сепак беше „осудена“ на долга суспензија, со оглед на тоа што многумина посочија прст на него и АТП поради благите санкции.
Синер беше назначен за прв носител на УС Опен.