Посвоената ќерка на Анџелина Џоли била зачната при силување

1,265

Захара, кое го посвои холивудската sвезда Анџелина Џоли од Етиопија, е зачнато кога била силувана нејзината мајка, пренесе „Ројтерс“.

Ментвабе Давид, биолошката мајка на Захара изјавила дека била нападната една вечер во 2004 година, кога ја завршила смената на градилиштето во Аваса во јужниот дел на Етиопија. Додека се враќаla дома ноќе, еден маж ѝ пришол.






– Го извади бодежот, ја стави едната рака врз мојата уста за да не можам да врескам. Потоа ме силуваше и исчезна – рекла расплаканата Ментвабе во 2007 година за „Ројтерс“.

Таа одлучила да го држи нападот во тајност, плашејќи се од последиците, „во заедница каде силувањето е табу“. На крајот, таа ѝ се доверила на својата мајка.

– Не беше како што се плашев. Мајка ми имаше разбирање  и ме утеши. Бараше од мене да не направам ништо што може да ми го загрози животот – рекла Ментвабе.

Ментвабе Давид се породила во семејната приземна куќа и на девојчето му го дала името Јемсрах, што на официјалниот етиопски јазик значи „добри вести“. Сепак, таа наскоро сфатила дека нема да може да ја храни девојчето. По породувањето биолошката мајка избегала од дома, Захара ја чувале баба ѝ и дедо ѝ.

Анџелина Џоли прво сама ја посвои на шестмесечна возраст, а потоа и Бред Пит ја посвои во 2006. Името од Јемсрах ѝ било променето во Захара. Анџелина во едно интервју во 2009 година изјави дека биолошката мајка на Захара починала од сида.

Поврзани содржини