ПОСВЕЖО И ПОВРНЕЖЛИВО Обилни врнежи ќе почнат в петок, а ќе траат до понеделник

ННа планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови на земјата повремено засилен западен ветер.

2,065

Денеска нè очекува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.






Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Поврзани содржини