🎥 ПОСВЕТЕНО НА КОБИ БРАЈАНТ! Џоел Ембид постигна неверојатни 70 поени во победата на Филаделфија
Тоа е рекорд во кариерата на Џоел Ембид, но и рекорд во тековната сезона во НБА, кошаркарот на Филаделфија стана само деветтиот играч во историјата на лигата кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар.
Поминаа точно 18 години откако покојниот Коби Брајант постигна 81 поен против Торонто во легендарната вечер, а ноќта помеѓу понеделникот и вторникот НБА ѕвездите знаеја да му оддадат почит – постигнувајќи многу кошеви! Најмногу се истакна центарот на Филаделфија и актуелен МВП, Џоел Ембид.
Камерунецот, кој ќе игра за репрезентацијата на САД, постигна неверојатни 70 поени во победата на неговиот тим над Сан Антонио Спарс 133:123! Тоа е рекорд на Филаделфија, чиј дрес во богатото минато го носеа великани како Џулиус Ирвинг, Мозес Мелоун, Чарлс Баркли, Ален Ајверсон…
Тоа е рекорд во кариерата на Ембид, но и рекорд во тековната сезона во НБА. Така, Ембид стана само деветтиот играч во историјата на лигата кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар. Пред него ваков подвиг направија: Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Демијан Лилард, Донован Мичел, Дејвид Робинсон, Елгин Бејлор и Девин Букер.
Џоел Ембид мина помалку од 37 минути на теренот на „Велс Фарго Центарот“, а за тоа време забележа нереален статистички учинок: 70 поени (24/41 од поле, 21/23 слободни фрлања), 18 скока (по 9 во одбрана и напад, исто така рекорд во кариерата), 5 асистенции, 1 блокада, 1 украдена и 1 загубена топка. Ваков учинок во кариерата нема постигнато ни легендарниот Вилт Чемберлен.
Ембид остана шокиран кога по мечот од новинарите дозна дека само Мајкл Џордан и тој во историјата на НБА забележале натпревар со над 65 поени, 15 скока и 5 асистенции.
По победата, Ембид своето постигнување му по го посвети на Коби Брајант на социјалните мрежи.
View this post on Instagram