Постои сомнеж дека бројките не говорат за вистинската скала на пандемијата

Земјите од Северна Америка и Европа имаа мнозинство нови смртни случаи и заболени во последниве денови, но бројките растат во Латинска Америка, Африка и Русија.

1,289

Бројот на смртни случаи од коронавирус во понеделникот надмина 250.000 лица, а број на заразени се искачи на 3,5 милиони, според официјалните податоци, додека неколку земји започнуваат да ги ублажуваат мерките за карантин насочени кон борба против пандемијата.

Земјите од Северна Америка и Европа имаа мнозинство нови смртни случаи и заболени во последниве денови, но бројките растат во Латинска Америка, Африка и Русија, објави „Reuters“.






На глобално ниво, во последните 24 часа имало 3.914 нови смртни случаи и 75.646 нови заболени, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 250.152, а на заболени 3,59 милиони лица. Најмалку 1,1 милион луѓе закрепнале од инфекцијата, според официјалните достапни податоци.

Ова ги надминува проценетите 140.000 смртни случаи во светот од сипаници во 2018 година и се споредува, според Светската здравствена организација (СЗО), со околу 3 до 5 милиони случаи на сериозни заболувања предизвикани од сезонски грип.

И додека сегашната траекторија на ковид-19 не го достигна нивото на шпанска треска од 1918 година, за која се проценува дека зарази 500 милиони луѓе, убивајќи најмалку 10 проценти, експертите стравуваат дека достапните податоци не зборуваат за вистинските размери на пандемијата.

– Можеме лесно да имаме втор или трет бран, бидејќи многу места не добија имунитет. Човештвото не се стекна со имунитет, што значи дека околу 60 проценти од населението се опоравува од оваа болест – рече Питер Колигнон, доктор на заразни болести и микробиолог во болницата во Канбера.

Првата смрт поврзаност со ковид-19 била пријавена на 10 јануари во кинескиот град Вухан, откако вирусот за прв пат се појавил таму во декември. Бројот на регистираните починати во еден ден достигна максимум на 29 април, 10.229 мртви.

Стапката на пораст на дневната смртност е забавена во последните неколку дена за 1-2 проценти од високите за 14 проценти на 21 март.

Белгија има најголема стапка на смртност од 16 проценти кај земјите во кои инфекцијата била во поголеми размери. Од друга страна се Австралија и Нов Зеланд со по еден процент. Велика Британија е со 15 проценти, Италија со 14 проценти и САД со 6 проценти. Во Африка стапката на смртност во Алжир изнесува 10 проценти.

Според докторот од Канбера, секоја земја со стапка на смртност со повеќе од два проценти е речиси сигурно имала непријавени случаи, бидејќи земјите кои беа „нападнати“ од пандемијата веројатно немаат да извршено тестирање во заедниците, ниту ги забележувале смртните случаи надвор од болницата.

Поврзани содржини