ПОСТИГНАВМЕ УСПЕСИ КОИ СО ДЕЦЕНИИ БЕА НЕДОСТИЖНА ЦЕЛ Заев вели дека подоброто се случува сега и овде

Заев рече дека СДСМ ја води државата на вистинскиот пат.

430

Во овие години успеавме да постигнеме успеси кои цели децении беа само недостижна цел, го поставивме правецот и тој е јасен: Со најдоброто одиме напред, на тој правец сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро и тоа, се случува сега и овде, пред нашите очи, порача вечерва плидерот на СДСМ Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа.

Заев рече дека СДСМ ја води државата на вистинскиот пат.






– Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Овие четири години се развиваше државата, се решаваат клучни прашања, но истовремено се развиваа регионите и општините. И тоа Велес го знае најдобро – рече Заев.

Заев рече дека за првпат по 20 години државата спроведе успешен попис.

–  1.832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем, огромен успех, веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис, веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики. Во едната рака имаме успешен попис – во другата членство во НАТО. Денес сме држава со најголема сигурност и најголем степен на транспарентност од сите земји во регионот, денес сме земја пријател на регионот и Европа -рече  Заев.

Поврзани содржини