ПОСТИГНАВМЕ ИСТОРИСКИ ГОЛЕМА ПОБЕДА Информациите од терен говорат дека сме во водство, велат од штабот на Османи

Сѐ уште е рано да се зборува за резултатите од гласањето, но нашите информации говорат дека постигнавме историски голема победа, рече Арбр Адеми од Изборниот штаб на кандидатот за претседател на Европскиот фронт предводен од ДУИ Бујар Османи.

955

Очекуваме победата на нашиот кандидат за претседател Бујар Османи да биде историски голема, рече портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, на денешната прес-конференција веднаш по завршувањето на изборниот процес во 19 часот.

Тој истакна дека кампањата на Османи била исклучително европска и дека се задоволни од досега постигнатото.






– Народот го кажа своето. Сѐ уште е рано да се зборува за резултатите од гласањето, но нашите информации говорат дека постигнавме историски голема победа. Им се заблагодаруваме на новинарите, на медиумите, како и на сите активисти во штабовите на сите нивоа. Имавме фер и слободни избори. Ова е наш заеднички успех. Покажавме демократска зрелост како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја кандидат за членка во ЕУ – рече Адеми.

Османи претходно изјави дека ова се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.

– Граѓаните се исправени пред две опции, изолацијата или интеграцијата. Очекувам да ја донесат вистинската одлука – рече Османи утринава.

Поврзани содржини