ПОСТИГНАТО ПРИМИРЈЕ ВО НАГОРНО КАРАБАХ Ерменските паравојски се соголасија да се разоружаат и да се рапуштат

Во Нагорно Карабах е објавен прекин на огнот од 9 часот по Гринич. Утре, 21 септември, претставници на Ерменците во Нагорно Карабах ќе се сретнат со претставници на азербејџанските власти.

486

Ерменците во Нагорно-Карабах се согласиле со барањето на Азербејџан да ги прекинaт борбите и да се разоружаат, јавија западни медиуми. Тие се согласија нивните вооружени формации да бидат распуштени и разоружани.

Во Нагорно Карабах е објавен прекин на огнот од 9 часот по Гринич. Утре, 21 септември, претставници на Ерменците во Нагорно Карабах ќе се сретнат со претставници на азербејџанските власти.






Претходно претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, како што соопшти неговиот кабинет, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рекол дека „антитерористичките мерки во Нагорно Карабах ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“.

Во меѓувреме и Иран понуди да посредува во конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија и повика на почитување на договорот за прекин на огнот од 2020 година.

Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“.

– Ова е голема војна – Азербејџан започна целосна операција – изјави од Карабах Рубен Вардањан, поранешен шеф на владата на отцепениот регион.

Тој рече дека азербејџанските сили ја продолжиле воената операција во текот на ноќта и денеска.

Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав.

Поврзани содржини