ПОСТИГНАТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ИРАН ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА!? Официјално ќе биде објавен за неколку часа

Нацрт-договорот предвидува и воспоставување заеднички механизам за следење на спроведувањето и решавање на споровите, а преговорите за преостанатите отворени прашања ќе почнат во рок од една недела.

45

Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа.

Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се суспендираат сите воени операции и да се запре медиумската војна.






Договорот предвидува САД и Иран да се обврзат да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да не се мешаат во внатрешните работи на другата страна. Како и слободна пловидба во Персиски Залив, Ормуска Теснина и Омански Залив.

Нацрт-договорот предвидува и воспоставување заеднички механизам за следење на спроведувањето и решавање на споровите, а преговорите за преостанатите отворени прашања ќе почнат во рок од една недела.

Поврзани содржини