ПОСТАВЕТЕ МИНСКО ПОЛЕ НА ГРАНИЦИТЕ Полски екс-министер советува како воено да се одвратат Русија и Белорусија

За Полска да може да постави мински полиња на границите со Русија и со Белорусија прво ќе треба да се повлече од Договорот од Отава, чија цел е да се елиминира употребата на противпешадиски мини како средство за вооружена борба, објаснува Мариуш Блашчак, поранешниот полски министер за одбрана.

436

Поранешниот министер за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак изјави дека, како дел од зајакнувањето на полската граница, треба да се постави минско поле на границата со Русија и Белорусија.

Блашчак рече дека пред тоа Полска треба да се повлече од Договорот од Отава, чија цел е да се елиминира употребата на противпешадиски мини како средство за вооружена борба.






Блашчак, кој сега е шеф на пратеничката група на опозициската партија Право и Правда (ПиС), на прес-конференција нагласи дека полската влада нема контрола врз ситуацијата во врска со миграциската криза.

Поврзани содржини