ПОСТАВЕНИ УСПОРУВАЧИ ЗА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА РАДУШКА ВО ЃОРЧЕ Се планира и поставување на камери

Изградивме 1.200 метри нов коловоз, нова фекална и атмосферска канализација, осветлување и пешачки патеки на улицата Радушка, вели градоначалникот Стојкоски.

258

Општина Ѓорче Петров постави успорувачи на брзината  на улицата Радушка на која во изминатиот период се случија неколку сообраќајни несреќи во кои страдаа пешаци.

Како што соопшти на Фејсбук градоначаникот Александар Стојкоски, во наредниот период дополнително црните точки ќе бидат покриени со системот на камери на МВР.






„Изградивме 1.200 метри нов коловоз, нова фекална и атмосферска канализација, осветлување и пешачки патеки на улицата Радушка“, пишува Стојкоски.

Поврзани содржини