Поставена мрежа во реката Ганг со која се „ловат“ трупови на починати од ковид-19 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
Откривањето на 71 тело во државата Бихар го оживеа стравот од вирусот, кој циркулира во рурална Индија, каде што живеат две третини од нејзиното население.
Властите во северна Индија соопштија дека поставиле мрежа во реката Ганг откако беа пронајдени десетици трупови покрај нејзините брегови.
Се претпоставува дека тие се жртви на ковид-19, јави „Франс пресс“.
Министерот за водни ресурси во североисточната држава Бихар, Санџај Кумар објави на „Твитер“ дека мрежата е поставена на границата со Утар Прадеш.
Откривањето на 71 тело во државата Бихар го оживеа стравот од вирусот, кој циркулира во рурална Индија, каде што живеат две третини од нејзиното население.
Според обдукциите, лицата починале пред 4-5 дена.
Локалните медиуми тврдат дека 25 тела биле пронајдени и во областа Гахмар во Утар Прадеш.
Локалните жители веруваат дека телата биле пуштени во светата река од роднини кои немале пари да купат огревно дрво за традиционално кремирање или недостаток на простор во крематориумите.