ПОСТАВЕНА БОМБА ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО АТИНА Во грчки весник стигнала предупредувачка порака

Од полицијата соопштија дека во 12:29 часот биле известени од грчки весник дека добиле снимена порака во која било пријавено дека е поставена бомбата што ќе експлодира за 45 минути, по што веднаш бил затворен целиот простор.

111

Експлозивен механизам денеска бил поставен во близина на седиштето на полициската единица за чување на редот (МАТ) во Атина, а по добиениот анонимен и предупредувачки повик, бомбата била неутрализирана, јави дописничката на МИА од Атина.

Од полицијата соопштија дека во 12:29 часот биле известени од грчки весник дека добиле снимена порака во која било пријавено дека е поставена бомбата што ќе експлодира за 45 минути, по што веднаш бил затворен целиот простор. Експлозивниот механизам бил пронајден во простор со дрвја, по што следела и деактивацијата.






Во поширокиот дел каде што била поставена бомба, освен седиштето на полициската единица е и универзитетскиот кампус, но и простор со голем број минувачи.

Бомбата бил испратена до Управата за криминалистички истраги, а прелиминарна истрага врши Антитерористичка служба.

Поврзани содржини