ПОСТАВЕН Е НОВ РЕКОРД ЗА ВКУПЕН ПРЕСТОЈ ВО ВСЕЛЕНАТА Рускиот космонаут Олег Кононенко го стори тоа во својот петти лет

Кононенко сега е на Меѓународната вселенска станица (ISS) по петти пат, првпат таму беше во 2008 година. Сите други активни космонаути на рускиот тим летаа најмногу три пати.

369

Рускиот космонаут Олег Кононенко денеска постави нов рекорд во вкупното времетраење на престојот во вселената, со што ја презеде титулата рекордер од исто така Русинот Генадиј Падалка, кој помина повеќе од 878 дена во орбитата, објави Роскосмос.

Руската вселенска агенција претходно објави дека денеска во 11:30 часот по московско време, Кононенко ќе стане космонаутот кој поминал најмногу време во вселената. Пред него титулата му припадна на Падалка со вкупно времетраење на престој во вселената за пет вселенски летови од 878 дена, 11 часа, 29 минути и 28 секунди.






Кононенко сега е на Меѓународната вселенска станица (ISS) по петти пат, првпат таму беше во 2008 година. Сите други активни космонаути на рускиот тим летаа најмногу три пати.

Кононенко слета на „ISS“ на 15 септември 2023 година со вселенското летало Сојуз МС-24 заедно со уште еден руски космонаут Николај Чуба и Американката Лорал О’Хара. О’Хара ќе се врати на Земјата на пролет оваа година заедно со Русинот Олег Новицки и белоруската космонаутка Марина Василевска.

Поврзани содржини