ПОСТАПКАТА ЗА УРБАНИЗАЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ХИПЕРМАРКЕТИ ЌЕ ЈА ВОДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ Поради бавните општински административци, инвеститорите ги пробиваат роковите

Исто така со предвидените измени на Правилникот се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.

91

Министерството за транспорт го менува Правилникот за урбанистичко планирање со што ќе се овозможи постапката за урбанизација и изградба на супермаркети и хипермаркети со површини поголема од  5.000 квадратни метри, да се одвиваат преку ова министерство.

Од Министерството наведуваат дека основна причина измените е да се забрза постапката бидејќи досега урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвиваше со забавена динамика.






-Државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови- велат од Министерството за транспорт.

Исто така со предвидените измени на Правилникот се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.

Цел на оваа подзаконска измена, велат од Министерството, е да се поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во синџирите на исхрана.

-Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките- велат од Министерството.

Денеска во Министерството се водеше стручна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање.

 

Поврзани содржини