ПОСТАПКАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ ЌЕ ПОТРАЕ Владата ја почна процедурата

Премиерот, рече дека процедурата ќе потрае и нема да заврши брзо.

120

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе трае неколку недели, а можеби и месеци, согласно законот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.






– Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот – рече Мицкоски, одговарајќи на прашање дали Владата утре ќе го разгледува прашањето.

Поврзани содржини