Пост Малоун се закити со девет „Билборд“ награди

326

Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД.

Toj си замина со вкупно девет награди, меѓу кои и онаа за најдобар уметник.






Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и одличијата за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач…

– Почестен сум од вашата љубов тука вечерва – изјави тој прифаќајќи ја главната награда.

Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач и поп-албум.

Свеченоста се одржа во „Долби“ театарот во Лос Анџелес. Водителка беше пејачката Кели Кларксон.

Момент за издвоујвање е и емотивниот настап на Џон Леџенд со песната „Never Break” којашто тој ја посвети на својата сопруга Криси Тајген, која неодамно доживеа спонтан абортус

Поврзани содржини