Посредникот кој тврди дека земјава преку него ја набавува руската вакцина Спутник V има проблеми со српските паравосудни органи

Никола Лакушиќ, покрај за земјава посредува и во набавката на руската вакцина и во БиХ, Бугарија и Алжир.

2,982

Србинот Никола Лакушиќ кој живее во Швајцарија тврди дека е посредник за набавка на руската вакцина Спутник V за земјава, Босна и Херцеговина, Алжир и Бугарија.

Лакушиќ за Ал Џезаира изјавил дека поседува договор за застапување за овие четири земји потпишан со  Руски инвестициски фонд.






Босна и Херцеговина  веќе нарача половина милион дози од вакцината преку овој посредник и компанијата „Медимпекс“.

–  Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно  и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година – вели Лакушиќ.

Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините.

Лакушиќ во Србија и проблеми со српското правосудство, но тврди дека всушност проблемот е со власта на Александар Вичиќ.

– Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот – тврди Лакушиќ.

Тој ги негира и наводите дека набавката се врши преку сомнителна компанија во Швајцарија.

Поврзани содржини