ПОСНИ, ДОМАШНИ, ВКУСНИ ГРИЦКИ Лесен и брз рецепт за ненадејни гости

Ако постојано нешто ви се грицка или пак ако ви се најават неочекувани гости кои немате со што да ги послужите, еве ви еден брз, лесен рецепт за домашни крекери кои можете да ги јадете дури и кога постите

357

Понекогаш е полесно да направите набрзина нешто за грицкање отколку да трчате во продавница за да купите. Така е и со овие крекери кои толку лесно и брзо се прават што навистина нема потреба да излегувате за да купите нешто за гостите кои неочекувано ви се најавиле или пак за себе, ако сакате нешто да си грицнете.

Само да знаете дека ако ги правите, попаметно ви е веднаш да направите дупла доза. Или направете една пробна, а потоа ќе видите, сами ќе заклучите дека е најпаметно да ги дуплирате состојките.






Ако и не се изедат веднаш, зашто прилично брзо заситуваат, добро е што можат да стојат и подолго време. Само ставете ги во кутија, затворете ги и ќе имате грцки за цела недела.

Рецептот ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини