ПОСМРТНИНАТА ПОРАСНА НА 35.000 ДЕНАРИ Лани се исплатени 7,5 милиони евра од солидарниот фонд

Овој износ на посмртнина ќе го добиваат семејствата на починатите пензионери до 30 јуни, кога се очекува нова одлука.

539

Висината на посмртната помош за пензионерите од 1 јануари годинава изнесува 35.000 денари и е повисока за 5.000 денари, а висината на задршката за солидарниот фонд е намалена од 150 на 140 денари, објави на својата веб страна Сојузот на здружението на пензионерите.

Овој износ ќе го добиваат семејствата на починатите пензионери од јануари до 30 јуни, а е резултат на одлуката за времено определување на висината на задршката за солидарен фонд  – посмртна помош, членарина и висината на исплатата на посмртна помош на здружението на пензионери. Таа е донесена на крајот на 2023 година, а е објавена во Службен весник на 27 декември лани.






Во овој шестмесечен период, според одлуката, од пензиите ќе се одвојуваат по 140 денари за солидарниот фонд што е помалку за 10 денари од претходниот износ. Овој износ за солидарниот фонд на пензионерите им е пресметан во јануарската пензија која веќе ја примаат.

Со одлуката се определува и дека висината на чланарината во здруженијата на пензионери ќе изнесува 30 денари.

Лани посмртнината изнесуваше 30.000 денари.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување лани во солидарниот фонд се слеале 115.150.320 денари (1, 87 милиони евра), а се исплатени 463.160.000 денари (7,5 милиони евра) за 15.439 починати пензионери.

 

 

Поврзани содржини