ПОСЛУШАЈТЕ ГО АМАНЕТОТ НА СКОПЈАНКАТА САЊА Не ја игнорирајте крвта во столицата, направете колоноскопија, променете го начинот на исхрана

Март е месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, кога се прават напори да се подигне свеста за важноста од рано откривање и превенција. Токму она за што се залагаше и Сања Бајалска, можеби единствената кај нас која јавно зборуваше за својата борба. За жал, за неа беше доцна...

3,436

„Ракот на дебело црево најлесно се спречува ако се оди навреме на колоноскопија, во спротивно, тој е на второ место по смртност после ракот на бели дробови. Не знам како е решено законски, но матичните треба да ви укажат и да ве испратат на специјалист после 50-тата година. Во многу земји веќе се бара да се намали таа старосна граница. Не се срамете од ништо и зборувајте за работата на вашите црева, за хемороидите, подуеноста, заморот, ако имате слуз во столицата….. Раното дијагностицирање, спасува животи. И прочитајте го пак моето интервју, можеби ќе спасите нечиј живот“, напиша скопјанката Сања Бајалска на својот Фејсбук профил една година пред крајот, пред поразот во нејзината најголема битка во животот, онаа со ракот на дебелото црево. Интервјуто со неа го направивме во октомври 2018, а Сања почина во август 2020.

Можеби не го забележа навреме, или пак не реагираше навреме на овој свој последен сопатник, ама наоѓаше доволно енергија и сила за да биде постојано активна на својот Фејсбук, апелирајќи за зголемување на свесноста за потребата од превенција од рак на дебелото црево.






Објавуваше и статии од британката Дебора Џејмс, нејзина сопатничка и активистка за борба против ракот на дебелото црево која, за жал, почина во јуни 2022 година, на 40-годишна возраст.

Омилена реченица и на двете им беше: Проверете го вашиот измет – тоа може да ви го спаси животот!“

Целата приказна на Сања за нејзината борба со ракот, како и нејзините совети за превенција на ракот на дебелото црево, прочитајте ги ТУКА.

Поврзани содржини