ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ ЗА СЕНКА Бисера Велетанлиќ ја отпеа песната „Мило моје“, синот Васил одржа говор

Денес, на Новите гробишта во Белград, пријателите и семејството се собраа за да се збогуваат со југословенската дива Сенка Велетанлиќ. Нејзината сестра Бисера направи трогателен гест и ја отпеа песната „Мило моје“, а синот Васил Хаџиманов одржа говор, известуваат српските медиуми

75

Денес, на Новите гробишта во Белград, се собраа пријателите и семејството за да се збогуваат со југословенската дива Сенка Велетанлиќ. Во капелата, сочувства примаа нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов и сестрата Бисера Велетанлиќ.

По напуштањето на капелата, Бисера ја придржуваше актерот, водител и музичар Бојан Ивковиќ, долгогодишен пријател и соработник на Васил.






На последното испраќање таа направи трогателен гест и ја отпеа песната „Мило моје“, а синот Васил Хаџиманов одржа говор, известуваат српските медиуми.

Урната со пепелта на Сенка ќе биде поставена во Алејата на заслужните граѓани.

Големата југословенска дива почина на 19 јануари 2026 година на 90-годишна возраст.

– Утрово, мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти по тешка болест. Таа замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ доликува. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо – напиша тогаш Васил.

Фотографии од погребот можете да видите ТУКА.

Поврзани содржини