📷 ПОСЛЕДНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД МЛАДАТА СРПСКА ПЕЈАЧКА КОЈА ПАДНА ОД 24. КАТ ВО ДУБАИ Со кого уживала насмеаната Андријана

Младата пејачка Андријана Лазиќ од Бјелина загина во страшна трагедија која се случи на 10 јануари во Дубаи.

9,661

Младата пејачка Андријана Лазиќ од Бјелина загина во страшна трагедија која се случи на 10 јануари во Дубаи.

Андријана Лазиќ падна од 24. кат во Дубаи, а трагичната вест ја соопшти нејзиниот татко Небојша Лазиќ кој сподели потресна порака на денот кога почина неговата ќерка. Небојша откри и дека телото на Андријана сè уште не е пристигнато во Србија.






Тој истакна дека не знае што се случило, а на тамошните медиуми им го предал и полицискиот извештај што го добило семејството, а во кој било наведено дека се работи за несреќен случај.

„Напоменуваме дека на 10.01.2024 година, гореспоменатата жена починала како последица од пад од височина. Сите процедури се завршени и нема забелешки за издавање на извод од смрт“, се наведува меѓу другото во извештајот.

Андријана со другарките отпатувала на Емиратите, а пред тоа имала големи планови за себе. Кон крајот на минатата година дури снимила и две песни компонирани за неа од Горан Ратковиќ Рале.

Таа планирала да ѝ се посвети на кариерата кога ќе се врати од одморот, но судбината била сурова. Ако ја погледнеме нејзината последна објава на Инстаграм, ништо не укажува на трагедија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Lazić (@andrijanaalazic)


Андријана позирала насмеана и видно задоволна…

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини