Последниот твит на Чедвик Боузман, најпопуларна објава во историјата на Твитер

996

Последниот твит објавен на „Твитер“ профилот на американскиот актер Чедвик Боузман е најпопуларната објава во историјата на Твитер, соопшти компанијата.

Информацијата е објавена во саботата попладне, ден откако на јавноста и беше соопштено дека Боузман починал на 43 години по четиригодишна борба со рак на дебелото црево.






– Обожувачите се простуваат од актерот, а твитот кој неговото семејство го објави по неговата смрт сега е најпопуларен твит на сите времиња на Твитер, пишува во соопштението на компанијата.

Твитот во кој е соопштено дека актерот починал има повеќе од 7,5 милиони лајкови и бројката и натаму расте. Позицијата на најпопуларен твит до сега беше на поранешниот претседател на САД Барак Обама кој има 4,3 лиони лакови.

Фото: EPA/NINA PROMMER

Поврзани содржини