Последни бројки – 1.212 лица се лекуваат од ковид-19 по болниците
Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава денеска изнесува 1.212, соопшти Министерството за здравство.