ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ЛЕЈДИ ДИ Венчаницата со илјада бисери да биде вратена кај синовите
Венчаницата, дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел, предизвика сензација во времето кога Дајана ја носеше на венчавката со принцот Чарлс во катедралата „Свети Петар и Павле“ во Лондон. Таа во моментов е изложена во палатата Кенсингтон, како дел од Кралската модна ревија.
Принцезата Дајана имала неколку последни желби во својот тестамент, а една од нив била нејзините синови да го добијат нејзиниот култен венчален фустан со илјада бисери, пренесува Нет. Секако, таа не знаела дека Вилијам и Хари во иднина ќе бидат раскарани, а фустанот конечно му припаднал на Хари во 2014 година, дознава Мирор.
Прераната и ненадејна смрт на принцезата Дајана на свои 36 години во сообраќајната несреќа во Париз го шокираше светот во 1997 година, но далеку од камерите, двете момчиња жалеа за својата сакана мајка.
Неколку години претходно, Дијана го напишала својот тестамент во кој се наведува што треба да им се даде на синовтеи во случај на нејзината смрт. Таа побарала скоро целиот нејзин имот да се подели помеѓу Хари и Вилијам, вклучувајќи ја и венчаницата.
Сепак, Дијана сакала поголемиот дел од нејзиниот имот да се стави во фондација, а побарала Хари и Вилијам да добијат пристап до парите кога ќе наполнат 25 години. Подоцна судот им одобрил на мајката и сестрата на Дијана, кои беа прогласени за извршители на тестаментот, да се сменат неколку детали во тестаментот по нејзината смрт.
Што било сменето? Наместо принцовите да го добијат својот дел на 25-годишна возраст, напишано е дека тие го добиваат кога ќе наполнат 30 години. Па така, раскошната венчаница со илјадници бисери на Вилијам и Хари им беше вратена во 2014 година. Таа година Хари наполни 30 години.
Дотогаш, за фустанот се грижеше братот на Дајана, Ерл Спенсер, а со негово јавно изложување беа собрани пари за Меморијалниот фонд на Дајана.
Венчаницата, дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел, предизвика сензација во времето кога Дајана ја носеше на венчавката со принцот Чарлс во катедралата „Свети Петар и Павле“ во Лондон. Таа во моментов е изложена во палатата Кенсингтон, како дел од Кралската модна ревија.
Фустанот таму ќе остане изложен до јануари 2022 година, заедно со други досега неоткриени за јавноста предмети од архивата на некои од најпознатите членови на кралското семејство.