ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА МИРОТ ВО УКРАИНА? Путин и Бајден ќе се обидат да пронајдат решение

Онлајн средбата помеѓу Путин и Бајден, добрите познавачи на приликите во споменатиот регион, ја квалификуваат и како последната шанса за да се избегне голема војна во Украина.

922

Сè уште нема потврда за датумот, но се претпоставува дека на 7 декември ќе се одржи онлајн средба помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден.

Средбата на претседателите е потврдена од двете страни, но останува уште да се договои точното време во кое двајцата државници ќе се сретнат.






Од Кремљ истакнаа дека Путин и Бајден ќе разговараат за бројните несогласувања, кои раководствата на двете земји ги имаат во последниот период. Сепак, иако дневниот ред на состанокот не е објавен, многумина претпоставуваат дека главна, ако не и единствена тема на претседателите ќе биде состојбата во Украина.

Двете страни се обвинуваат за потпалување на немирите во оваа земја, како и за планови за воено решение на кризата, која главно се однесува на побунетиот регион Донбас, на истокот од Украина. Пред извесно време од седиштето на НАТО беа објавени информации за омасовување на руските трупи долж границата со Украина, како и за наводниот план што руската војска го развила за инвазија на соседната земја. Од руска страна, пак, беше речено дека половина од украинската војска е упатена во близина на конфликтниот регион, а САД и НАТО беа обвинети за испорака на оружје на Киев.

Онлајн средбата помеѓу Путин и Бајден, добрите познавачи на приликите во споменатиот регион, ја квалификуваат и како последната шанса за да се избегне голема војна во Украина.

Поврзани содржини