ПОСЛЕДНА ШАНСА Нов тим на СЗО патува во Кина да го открие потеклото на коронавирусот
Тимот САГО сега ќе се обиде да утврди дали вирусот преминал од животни на луѓе или пак, е излезен од лабораторија. Кина категорички ја отфрла теоријата дека вирусот излегол од лабораторија.
Светската здравствена организација (СЗО) повика 26 експерти да се придружат на Научната советодавна група за откривање на потеклото на новите патогени (САГО).
Поминаа речиси две години од појавата на вирусот во кинескиот град Вухан, но неговото потекло и натаму е мистерија. Тимот САГО сега ќе се обиде да утврди дали вирусот преминал од животни на луѓе или пак, е излезен од лабораторија. Кина категорички ја отфрла теоријата дека вирусот излегол од лабораторија.
Во февруари друг тим на СЗО го истражуваше потеклото на вирусот во Кина и заклучи дека најверојатно е од лилјаците, но дека се потребни уште истражувања. Тој тим истакна и дека е малку веројатно вирусот да протекол од лабораторија.
Но, генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејсус подоцна изјавил дека тимот немал пристап до сите податоци и дека кинеските власти не биле кооперативни.
Меѓу членовите на САГО се и шест експерти кои ја посетиле Кина со претходниот тим.
Освен што ќе се занимаваат со коронавирусот, САГО ќе го проучува и потеклото на други опасни патогени.
– Идните пандемии може да ги спречиме ако сфатиме од каде доаѓаат новите патогени – вели Гебрејсус.
Тој заедно со други функционери на СЗО, во едиторијалот на магазинот Science навел дека „несреќа во лабораторија“ не може да се исклучи.
Директорот за итни случаи во СЗО Мајк Рајан вели дека САГО можеби е последна шанса да се дознае потеклото на коронавирусот.
Веста за формирањето на САГО се појави откако CNN пренесе дека Кина се подготвува да тестира десетици илјади примероци крв кои се земени во раните денови на пандемијата.
Амбасадорот на Кина во Обединетите нации Чен Ксу предупреди дека работата на САГО не смее да се политизира.
– Време е тимовите да се испратат на други места – изјавил амбасадорот.