Последен ден во карантин, температурата до 30 степени

500

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.






Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник.

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.

Поврзани содржини