Последен биланс: 19 нови случаи на ковид-19, 4 починати и 16 оздравени
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
Вкупно 19 нови случаи инфицирани со ковид-19 , 16 оздравени и 4 починати пациенти се регистрирани во изминатото деноноќие.
Министерството за здравство информира дека меѓу 16 – те оздравени пациенти седум се од Скопје, еден од Куманово, по тројца од Тетово и Неготино и по еден од Велес и Кочани.
Пациентите кои починаа изминатиот ден се од Скопје, Тетово и Прилеп. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Од министерството информираа дека во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје се регистрирани 11, во Куманово двајца и по еден во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Виница.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни.
– Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола – информираат од Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на ковид -19.
Во текот на изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.