ПОСЛЕ ПУТИН НА РЕД Е ВУЧИЌ Американскиот новинар Такер Карлсон ќе ја посети Србија
Тој знае многу за Србија, рече дека планира да дојде во Србија кон средината на оваа година, дека многу го почитува и цени претседателот Александар Вучиќ - изјави српската премиерка Ана Брнабиќ која разговарала со Такер Карлсон на Самитот на светските влади во 2024 година што се одржува во Дубаи.
Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон планира да ја посети Србија кон средината на годината, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, која се сретна со него на Самитот на светските влади во Дубаи, пренесуваат српските медиуми.