ПОСЛЕ ПУТИН ДОАЃААТ ВИСТИНСКИТЕ РАДИКАЛИ? Тројцата можни наследници се уште понестабилни од него

Михаил Светов, противникот на Путин, кој сега живее во егзил во Панама, предупредува дека „кога Путин ќе замине, доаѓаат вистинските радикали“. Тој додава дека постои исто толку опасност од граѓанска војна во Русија колку и од тотална војна на Запад, а Украина ќе се покаже како катализатор, што ќе рече, забрзувач на овој процес.

9,956

Експертите од Кремљ признаваат оти неуспехот на Путин во Украина може да доведе до негово соборување. Но, барем еден од тројцата фаворити за наследници е „ментално понестабилен и уште пофашистички настроен“. Според Даниел Хофман, поранешен шеф на подружницата на ЦИА во Москва, заговорот за соборување на Путин можеби веќе е во тек, пишува Мондо.

– Ако има државен удар во Кремљ, тоа може да се случи од ведро небо. Никој нема да праша: „Еј Владимир, сакаш ли да заминеш?“. Не. Тоа е ебен чекан во главата и тој ќе е мртов. Тоа ќе го направат – рече Хофман.






Трите најверојатни замени за Путин , велат експертите, се Сергеј Глазиев – главен економски советник на Путин, Николај Патрушев – секретар на Советот за безбедност на Русија и Александар Бортников – шеф на руската контрашпионска агенција ФСБ.

Но, може да има неколку други кандидати кои чекаат во крилата, тврди Олга Лотман, виша соработничка во Центарот за анализа на европската политика во Вашингтон. Таа за британски Сан изјави дека „за секој еден Путин, чекаат уште 100 други кои би можеле да бидат исто толку сурови“.

– Глазиев претставува поголема закана од Путин – смета Олга.

Михаил Светов, противникот на Путин, кој сега живее во егзил во Панама, предупредува дека „кога Путин ќе замине, доаѓаат вистинските радикали“. Тој додава дека постои исто толку опасност од граѓанска војна во Русија колку и од тотална војна на Запад, а Украина ќе се покаже како катализатор, што ќе рече, забрзувач на овој процес.

Поврзани содржини