ПОСЛЕ МАРАДОНА, ПОЧИНА И БРАТ МУ ХУГО Му сопрело срцето, а бил осум години помлад

Хуго како и славниот Диего и нивниот брат Раул беше фудбалер, но неговата кариера не беше толку плодна. Беше дел од аргентинската кадетска репрезентација, а со 18 години потпиша за Наполи, но набрзо беше позајмен во Асколи. Две сезони играше за шпански Рајо Ваљекано, една сезона мина во австриски „Рапид“, а настапуваше и за екипи во Јужна Америка, Јапонија и Канада.

556

Нешто повеќе од една година од смртта на Диего Марадона (60) неговиот помлад брат Хуго (52) почина како последица на застој на срцето, соопшти денеска италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи.

„Почина Хуго Марадона“, објави Наполи во краткото соопштение, потврдувајќи ја информацијата во италијанските медиуми дека причина за смртта е застој на срцето.






„Ел Турко“ како што гласеше неговиот прекар, Хуго Марадона живееше во Монте ди Прочиди, 15 километри западно од Неапол.

Хуго како и славниот Диего и нивниот брат Раул беше фудбалер, но неговата кариера не беше толку плодна. Беше дел од аргентинската кадетска репрезентација, а со 18 години потпиша за Наполи, но набрзо беше позајмен во Асколи. Две сезони играше за шпански Рајо Ваљекано, една сезона мина во австриски „Рапид“, а настапуваше и за екипи во Јужна Америка, Јапонија и Канада.

Кариерата ја заврши во 1999 година по што беше тренер на аматерско и младинско ниво.

За разлика од својот прославен брат, Хуго живееше мирен живот, а беше татко на три деца.

Поврзани содржини