После Канје Вест и Вил Смит сака да се кандидира за претседател

227

Актерот Вил Смит рекол дека размислува да се кандидира за претседател во некој момент од својот живот.

Иако е успешен актер во бројни холивудски наслови, Смит сака да направи пресвртница кон политиката како што тоа го направи раперот Канје Вест во 2020 година.






Кога во еден подкаст го прашале дали размислува да се „пресели“ во Белата куќа, актерот се насмевнал.

„Ќе почекам да се „исчисти“, и потоа ќе почнам да размислувам за тоа“, рекол Смит.

Тој додал и дека има силен став, дека е оптимистичен и полн со надеж и дека има разбирање за луѓето и верува во хармонија.

„Ќе настојувам да направам сè што е во мојата моќ, било како уметник, или во политичката арена“, рекол тој.

 

Поврзани содржини