ПОСЛЕ ДВА МЕСЕЦА БЛОКАДА, 93 КАМИОНИ ВЛЕГОА ВО ГАЗА Израел одобри ограничена хуманитарна помош!

Според соопштението на израелското Министерство за одбрана, камионите испорачале брашно за пекари, храна за бебиња, медицински материјали и неопходни лекови.

92

Израелските власти денеска соопштија дека вкупно 93 камиони со хуманитарна помош од Обединетите нации влегле во опколениот и разорен Појас Газа, за првпат по речиси два и пол месеци блокада.

Според соопштението на израелското Министерство за одбрана, камионите испорачале брашно за пекари, храна за бебиња, медицински материјали и неопходни лекови. Помошта се очекува да им олесни дел од кризата на цивилите кои се соочуваат со тешки услови поради воените дејства и блокадата.






Одлуката за дозвола на влез на ограничен број камиони следи по најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој во понеделникот изјави дека Израел, по притисокот од меѓународната заедница, ќе дозволи хуманитарен коридор за минимална поддршка на цивилното население во Газа.

Поврзани содржини