СЕСТРАТА НА „ЕЛ НИЊО“ ЌЕ НИ ГО ОЛАДИ ЛЕТОТО? Бурата доаѓа побрзо одошто се прогнозираше

Топлиот феномен „Ел Нињо“ ќе започне да ја намалува својата сила уште во пролетните месеци, а значително ќе ослабне во текот на летото, со што ќе добива на сила ладниот феномен „Ла Ниња, објави прогнозерот Славчо Поповски.

5,911

Светот се бори со топлата бура „Ел Нињо“, во превод дете, кое е нарекувано и бесно детиште, но за неколку месеци неговата „ладна сестра“ Ел Ниња може да ни го скрати летото и да донесе дождливи периоди. Ладната „Ла Ниња“ може да пристигне уште ова лето, наместо наесен како што беа прогнозите во јануари, Нејзините ефекти можат да бидат видливи и во пролетните месеци што ќе значи дожд и снег.

Прогнозерот Славчо Попоски вели дека тоа ќе влијае и на летото:






„Оваа година за разлика од минатите години, летото би можело да биде пократко, но и без некои долги екстремно топли бранови, но и со повеќе временски непогоди и врнежи. Топлиот феномен „Ел Нињо“ ќе започне да ја намалува својата сила уште во пролетните месеци, а значително ќе ослабне во текот на летото, со што ќе добива на сила ладниот феномен „Ла Ниња”, објави прогнозерот Славчо Поповски.

„Сестрата“ е дел од петгодишниот циклус на „Ел Нињо“, а ќе трае девет месеци. На кратко, менувањето на струите ќе направи цела вода од Океанија да се движи кон Јужна Америка. Ова во некои делови од светот ќе донесе бури, а во други суша.

Во земји како Колумбија, Еквадор, Перу и северен Чиле ќе се намали нивото на морето, а ќе се зголеми во Океанија.

Ладни води ќе потечат долж Екваторот, па температурите таму ќе бидат под просечните. Сето тоа ќе предизвика поплави и врнежи во Југоисточна Азија, делови од Африка, Бразил и Австралија. Поплавите во овие региони ќе станат вообичаени.

Во САД ќе зачестат ураганите и тропските бури, а во некои јужни делови од САД може изненадно да се појави снег.

Ла Ниња ќе донесе и суши во места како западна Америка, Мексико и североисточна Африка.

Во случајот на Шпанија и Европа воопшто, врнежите може да се зголемат значително.

Името Ла Ниња е избрано затоа што е спротивно на Ел Нињо.

 

Поврзани содржини