ПОСЛЕ ДЕЦЕНИИ, КОНЕЧНО НАДЕЖ ЗА МАКЕДОНИЈА Mицкоски и ВМРО-ДПМНЕ рушат рекорди во довербата кај граѓаните

Од партијата потенцираат дека државничката политика што ја водат успеала да го зачува националниот идентитет и интегритет на меѓународната сцена.

3,038

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со премиерот Христијан Мицкоски на чело, неуморно работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните и развој на државата, соопштија денеска од партијата.

Како што наведуваат, институциите повторно функционираат, економијата расте, а активната борба против криминалот и корупцијата е веќе видлива за сите.






„За прв пат по долго време, граѓаните гледаат вистинска борба против криминалот и корупцијата. Законот важи еднакво за сите, а криминалците од минатото конечно одговараат пред правдата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека државничката политика што ја водат успеала да го зачува националниот идентитет и интегритет на меѓународната сцена.

Довербата во Владата и премиерот Мицкоски е потврдена и преку најновата анкета на агенцијата „Маркет вижн“, спроведена од 20 март до 17 април на примерок од 1.200 испитаници. Според резултатите, 51,7% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори, додека довербата во премиерот Мицкоски изнесува 25,4%.

„Овие бројки не се само признание за досега сработеното, туку и обврска уште поенергично да продолжиме да работиме чесно, посветено и во интерес на сите граѓани“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека за првпат по долго време, криминалот и корупцијата повеќе не се број еден проблем за граѓаните, што е директна последица на чесното владеење и полициските акции кои изминатиот период беа интензивирани.

„Македонија конечно тргна напред. Заедно со граѓаните ќе продолжиме да ја градиме подобрата иднина за сите“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини