ПОСЛЕ 90 ГОДИНИ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО РАДАЊЕ Министерот Перински става акцент на развој на руралните средини

Вкупната вредност на проектот е 8.946.038 денари, од кои, Министерството за локална самоуправа инвестира 4.500.000 денари, а обезбедени се и 4.446.038 денари од буџетот на Општина Карбинци.

141

После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го означија почетокот на градежните активности за реконструкција на ПОУ „Страшо Пинџур“ во село Радање, каде што учат околу 70 ученици на македонски и на турски јазик, од прво до петто одделение.

При посетата министерот посочи дека ваквите проекти се јасен показател дека државата инвестира во сите општини и региони. Посебен акцент е ставен на руралните општини. Вкупната вредност на проектот е 8.946.038 денари, од кои, Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, инвестира 4.500.000 денари, а обезбедени се и 4.446.038 денари од буџетот на Општина Карбинци.






– Покрај овие средства, Општината преку првиот и вториот јавен повик доби приближно 40 милиони денари, за реализација на вкупно 5 проекти – дополни министерот.

Преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година се финансирани 38 проекти со вкупна вредност од 87.925.000 денари. Во рамки на оваа Програма се поддржуваат активности за изведба на градби за подобрување на пристапот до инфраструктура на ниво на плански региони и на локално ниво.

Поврзани содржини