ПОСЛЕ 118 ДЕНА Холивудските актери го прекинаа штрајкот

Претставниците на синдикатот на актери САГ - АФТРА го одобрија начелниот договор за прекин на штрајкот на актерите што го тресеше Холивуд.

211

Претставниците на синдикатот на актери САГ – АФТРА го одобрија начелниот договор за прекин на штрајкот на актерите што го тресеше Холивуд.

Во соопштението од средата, синдикатот објави официјален прекин на штрајкот на актерите со првата минута од четвртокот, 9 ноември, по 118 дена штрајк.






Одборот на преговарачите го одобри договорот едногласно, а следниот чекор е в петок, кога ќе оди на одобрување до националниот одбор на здружението.

Двете страни преговараа неколку дена за завршните детали што се однесуваат на заштитата на актерите од вештачката интелигенција и историското зголемување на платите.

Според овој договор, минималната зголемување на платата е 7 отсто, што е два отсто повеќе отколку што успеале да изборат Здружението на писатели на Америка и Здружението на режисери на Америка.

Во него се вклучени и „бонус за учествување во стриминг“, зголемување на пензиите, подобрувања на здравственото осигурување, а сето тоа го вклучува договорот вреден повеќе од 1 милијарда долари.

„Постигнавме договор според кој членовите на здружението САГ – АФТРА од секоја категорија ќе можат да градат одржливи кариери. Илјадници изведувачи ќе имаат корист од ова сега и во иднина“, се вели во соопштението на синдикатот.

Сојузот на филмски и телевизиски продуценти (АМПТП) ја испрати својата „последна, најдобра“ понуда во петокот, но таа не вклучуваше ништо поврзано со стримингот.

Потоа следеа последователни преговори за изменување на неколку детали и сето тоа заврши во средата.

„АМПТП е задоволна што постигна начелен договор и со нетрпение очекува индустријата да ја продолжи работата на раскажување одлични приказни“, велат од организацијата.

Сето ова дава надеж дека телевизиската сезона 2023-24 и распоредот на летните блокбастери би можеле да се спасат, односно ќе видиме многу планирани проекти.

Поврзани содржини