ПОСКОРО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ СЕ НАПЛАТИ Државата ќе ги инкасира 17 милиони евра на Кочан, затоа што има пресуда

Еден дел од средствата гледаме во поскоро време да бидат директно инкасирани, додека за еден дел ќе треба постапки да се водат, рече Заев.

1,013

Не би можел да дадам коментар за помилување, затоа што тоа е надлежност на претседателот на државата, рече премиерот Заев во врска со барањето на Сеад Кочан по две години поминати во затвор.

Премиерот исто така објасни зошто досега државата не успеа да наплати или да конфискува ништо од тие 17 милиони евра за кои се товари бизнисменот.






– Секако државата продолжува во сите свои чекори за наплата на побарувањата. Ние имаме и пресуда од 17 милиони евра. Еден дел од средствата гледаме во поскоро време да бидат директно инкасирани, додека за еден дел ќе треба постапки да се водат, затоа што еден од средствата на Трансмет и Сеад Кочан и се дел од правосилната одлука, а се ставени под хипотеки на самите банки, и секако правните постапки ќе доведат што попрво се наплатува, долгот кон државата или кон банките – одговори Заев.

Поврзани содржини