ПОСКОК КАСНАЛ 4-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО КАМП НА ЈАДРАНОТ Навремената лекарска интервенција му го спасила животот
Додека си играло во природа детето поместило помал камен, под кој се наоѓала змијата, по што таа го каснала.
Четиригодишно момче од Австрија било каснато од поскок во петокот во камп во Истра, по што било пренесено во болница во Риека и сместено на одделението за детска интензивна нега, пишуваат австриски медиуми.
Момчето било на летување во Хрватска со своето семејство. Додека си играло во природа детето поместило помал камен, под кој се наоѓала змијата, по што таа го каснала. На детето веднаш му била пружена медицинска помош, по што било пренесено во болницата во Риека. Лекарите му дале противотров, а според информациите потврдени од семејството, момчето е стабилно и добро реагирало на лекувањето. Навремената реакција му го спасила животот на малиот Австриец.
– Она што го користевме врз него беше антитоксин за отровни змии. Беше примен во нашата единица за интензивна нега за деца, детска клиника. И досега, сè е во ред – изјавил Марко Радман, детски хирург во КБЦ Риека.
Наводно, детето било каснато од помлад примерок на поскок. Каснувањето од оваа змија може да биде особено опасно за мали деца поради нивната помала телесна тежина, што може да доведе до посилен ефект на отровот.
Поскокот е една од најотровните змии во Европа, а карактеристичен е по малиот рог на врвот од муцката.
Медиумите пишуваат дека во Хрватска оваа година до почетокот на јули се регистрирани 14 каснувања од змии. За споредба – во текот на 2024 година, службата за итна медицинска помош регистрирала 52 такви интервенции, а минатата година – 27.