ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Дизелот за 2,5 денари, а бензините за еден денар

Единствено поевтини мазутот кој од полноќ ќе чини 41,230 денари за килограм.

8

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на горивата во просек за 1,47 %.

Според одлуката, од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинствата за 2 денара, а бензините поскапуваат за еден денар.






Регулаторите пресметаа и пониска цена на мазутот за 0,265 денари кој ќе чини 41,230 денари по килограм.

Според одлуката на РКЕ, од полноќ ќе важат следните  цени:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95  – 85,50  (ден/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,50(дена/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС             –    82,50 (ден/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (ден/литар)
– Мазут М-1 НС –                                               –  41,230(ден/килограм)

 

 

 

Поврзани содржини