ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ ОД ПОЛНОЌ Дизелот поевтинува за половина денар
Новата цена на литар бензинот од 95 октани ќе изнесува 87,50 денари, 90 денари ќе чини литар бензин од 98 октани, а новата цена на дизелот изнесува 80 денари колкушто ќе чини и екстра лесното масло за домаќинство.
Поскапуваат бензините „еуросупер БС-95“ за 1 денар и „еуросупер БС-98“ за 1,5 денари, а поевтинуваат „еуродизелот“ за 1 денар и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Одлуката треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.
Новата цена на литар бензинот од 95 октани ќе изнесува 87,50 денари, 90 денари ќе чини литар бензин од 98 октани, а новата цена на дизелот изнесува 80 денари колкушто ќе чини и екстра лесното масло за домаќинство.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,567 денари за килограм и килограм ќе чини
46,025 денари.
Со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,04 проценти во однос на цените од 14-ти месецов.