📷 ПОСКАПЕЛА МАРИХУАНАТА ВО СОПИШТЕ Полицијата откри 4 килограми канабис вредни 20.000 евра
Полицијата по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште – информираат од МВР.
Во полициска акција во Сопиште заплениети се 4 килограми марихуана вредна околу 20.000 евра.
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште – информираат од МВР.
Дрогата била пронајдена спакувана во 4 кеси.
Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.