ПОСКАПЕ МЛЕКОТО ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ Просечниот годишен раст на ценатa е од 15,3%

Поскапување има во 24 земји на ЕУ, а највисоки стапки на раст  се забележани во Ирска од 43,7%, Литванија (33,2%), Белгија (30,8%) и Шведска (30,3%).

79

Цените на млекото во ЕУ се зголемија во просек  за 15,3% во последниот квартал од 2024 година во споредба со истиот квартал од 2023 година, покажуваат последните податоци на Евростат.

Поскапувања има во 24 земји на ЕУ, а највисоки стапки на раст  се забележани во Ирска од 43,7%, Литванија (33,2%), Белгија (30,8%) и Шведска (30,3%).






Според податоците на Еуростат, во четвртиот квартал од 2024 година, просечната откупна цена во земјодлеството  во ЕУ се зголемила за 2,2% во споредба со истиот квартал во 2023 година. Ова претставува прво зголемување од вториот квартал на 2023 година.

Спротивно на тоа, просечната цена на стоките и услугите што моментално се трошат во земјоделството (инпути кои не се поврзани со инвестиции, како што се енергија, ѓубрива или добиточна храна) се намалија за 2,7% во споредба со четвртиот квартал од 2023 година. Сепак, ова беше помала стапка на пад, отколку во претходните 6 квартали.

Цените на житарките незначително се зголемија за 0,3% во просек низ ЕУ, но тоа одразува контрастни случувања меѓу земјите. Пад имало во 17 земји од ЕУ, со зголемување во останатите 10 земји. Најостра стапка на пораст е забележана во Словенија од 20,3%.

Меѓу стоките и услугите што се трошат во земјоделството, имаше остри стапки на пад на цените на вештачките ѓубрива во просек за  6,9% и добиточната храна која просечно се намалила за 5% во последниот квартал од 2024 година, во споредба со истиот квартал од 2023 година.

Поврзани содржини