ПОСКАПЕ ЕДЕН ОД БЕНЗИНИТЕ Еве колку ќе го плаќате од полноќ
Цената на останатите горива останува иста.
Од полноќ поскапува бензинот од типот „еуросупер -98“, додека цените на останатите горива остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на „еуросупер -98“ се зголемува за 2 денара и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар.
Цената на останатите горива останува иста и тоа на бензинот од 95 октани цената е 73,50 денари, на дизелот 66,50 денари и на маслото за горење а 65,00 денари по литар.
Цената на мазутот останува 36,529 денари по килограм.