ПОСКАПАТА СТРУЈА ЌЕ ГО БОГАТИ ДУОТО КОВАЧЕВСКИ Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека лошата власт турна 500.000 граѓани во сиромаштија

Опозициската партија вината за лошата состојба во енергетиката ја гледа во неработењето и кормпираноста на директорот на ЕСМ.

281

СДСМ и Димитар Ковачевски преку Васко Ковачевски, директор на ЕЛЕМ најавија ново покачување на цените на струјата од декември. Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот“, се вели во реакцијата.






Вината според партијата е во корумпираноста на директорот на ЕСМ.

„Најкриминалниот директор во владата предводена од СДСМ, Васко Ковачевски, кој како директор на РЕК Битола не презема ништо за обезбедување на доволни количини на јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност. За сега како директор на ЕЛЕМ да може да увезува скап јаглен, и од истото да печали за себе, за кликата на власта на Ковачевски, а сето тоа резултира со високи сметки за струја кои ги плаќаат граѓаните. Дуото Ковачевски предизвикувајќи и продлабочувајќи ја енергетската криза се интересираат само за своите лични и партиски интереси додека 500.000 наши сограѓани преживуваат со по 150 денари на ден“, се наведува во реакцијата.

Поврзани содржини